Го преживеала кобниот лет од Египет поради поевтина карта (ВИДЕО)


Екатерина и нејзината пријателка купиле карти за Москва, а не за Санкт Петербург бидејќи била 188 долари поевтина. Кога слушнала дека авионот се урнал, ја повикала мајка си.

„Не знам што би било ако бев во тој авион, што ќе се случеше со мајка ми, татко ми, сестра ми и брат ми“, рекла Екатерина за руски „RT”. Таа со нејзината пријателка требала да отпатува во сабота со кобниот лет од Шарм-ел-Шеик во Египет за Санкт Петербург. Но, поради поевтина карта, го промениле летот.EKATERINA

„Картата за Москва беше 188 долари поевтина од онаа за Санкт Петербург“, објаснила Екатерина која живее во град кој е 400 километри оддалечен од Санкт Петербург. Штом дознала дека авионот за Санкт Петербург се урнал, веднаш ја повикала нејзината мајка. Мајка ѝ ѝ се јавила после 15 минути.

„Тоа беше трогателен момент. Мајка ми ми рече: Фала му на Бог што си жива“, вели Екатерина.

Во тој момент, како што вели, сфатила дека и таа можела да биде во тој авион и да загине. Нивниот лет за Москва доцнел 10 часа.

„Сите во авионот слушнаа што се случило и владееше целосна тишина“, вели Екатерина и додала дека ќе запали свеќа за загинатите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1