Ова е езерото на смртта: Мислеле дека е легенда, но потоа во еден ден умреле 1.700 луѓе


Жителите на Камерун од секогаш имале стравопочит кон своето преубаво езеро Најос. Ова кратерско езеро се наоѓа на 1000 метри надморска височина, на средината на брдо кое припаѓа на планинскиот венец Оку.

Некогаш над езерото се отсликува убавото африканско небо, но некогаш езерото е „опседнато“ од некоја чудна магија. Ова е едно од оние места каде што африканската природа ја покажуваа својата неверојатна моќ.111 EZERO

Мештаните од колено на колено пренесуваат приказна за Најос. Приказната предупредува дека езерото знае да убие. Етнолозите долго време оваа приказна ја сметале за безопасна легенда, се до 21 август 1986 кога се случила катастрофа од неверојатни размери.

Тој ден починале 1700 луѓе и сите животни кои гравитирале на тоа подрачје. Смртта ги стигнала пез никакво предупредување. Луѓето паѓале мртви.ezero1

Еден од мисионерите кои први се појавил на местото на несреќата потоа објаснил дека ниту мувите не ги напаѓале лешовите, затоа што и тие мртви паѓале од небото.

Езерото Најос, кое поради водата и рибите се сметало за извор на живот, сега испарувало смрт: од длабочините на езерото и во двете долини се насобрал 1,6 милиони тони јаглероден диоксид.

Дури и на 27 километри од езерото, гасот бил смртоносен.

По тој настан сите села во околината се евакуирани, а некогашните жители и нивните потомци, околу 12.000 денеска живеат во 7 ново создадени села.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1