Мртвите тела најдени голи во фаза на распаѓање во мотел во Битола


Во Мотелот „Пржо“ во Битола вчера во 16:30 часот во една соба од страна на вработените  биле пронајдени две починати лица.Момче и девојка се пронајдени мртви вчера во мотел во Битола. Тие собата ја изнајмиле пред неколку дена, а нивните безживотни тела ги пронашле вработените.

Двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање.police-lenta-500

Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација. Од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа од СВР Битола бил извршен увид и е констатирано  дека се работи за лицата И. К. (33) од Битола и И.Ѓ.(27) , исто така, од Битола.

Смртта е констатирана од страна на Итна медицинска помош Битола. Имено, на 24.10.2015 година  И.К. изнајмил  соба во мотелот и подолго време не излегувал од неа.

Вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата. Од страна на Јавен обвинител е наредена  обдукција на двете тела.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1