Си го фрлиле бебето? Мртво новороденче пронајдено во тоалет во тетовската болница


Мртво новородено бебе покриено со пелени било пронајдено во тоалетот на интерното одделение во Болницата во Тетово, соопшти денеска МВР

Бебето синоќа околу 22 часот го пронашол дежурниот лекар во болницата Н.А., по што веднаш пријавил во полиција.tetovo bolnica

Јавен обвинител, увидна екипа од СВР Тетово и доктор по судска медицина извршиле увид на местото на настанот, а телото на новороденчето е однесено на одделението за судска медицина.

По извршениот разговор со дежурните лекари од интерното и гинеколошкото одделение при болницата во Тетово констатирано е дека околу 16.00 часот на интерно одделение била примена пациентката С.Н (36) од с.Групчин која по кратко време заради дијагнозата била  препратена на гинекологија. Според  мислење на лекарите, С.Н. имала спонтано  породување бидејќи пронајденото бебе одговарало на шести месец од бременост, а и добиениот материјал од утерусот укажувал дека С.Н. се породила.

С.Н и нејзиниот сопруг Е.А.(42 ) тврделе дека таа не била бремена и дека не се породила. Местото на настанот е фотодокументирано и земени се брисеви за ДНК анализа. Секторот за внатрешни работи -Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1