Го шетале кучето и нашле злато вредно 10 милиони долари


Еден пар од Калифорнија, шетајќи го кучето на својот имот пронашле ретки златни монети во вредност од околу 10 милиони долари закопани под старо дрво, пренесува АР.
Брачниот пар кој сакал да остане анонимен сега поседува 1.427 монети од втората половина на XIX век, а речиси секој од нив е во одлична состојба.

Untitled-86-650x325Монетите во апоени од 5, 10 и 20 долари биле наредени во канистри по вредност и по повеќе-помалку хронолошки редослед.

Некои од овие монети се толку ретки што тие можат да достигнат поединечна вредност од еден милион долари.
Дејвид Хол од Агенцијата за проценка и вредност на ретки монети има воспоставено автентичноста на пронајдените монети и рекол дека нивната вкупна вредност е поголема од 10 милиони долари.

„Не сакам да зборувам дека нешто се случува само еднаш во животот, но навистина е ретко да се најде такво богатство. Како да сте пронашле ќуп со злато на крајот на виножитото“, рекол Дон Кагин, нумизматичар кој се обратил на парот.

Повеќето монети се исковани во Сан Франциско, но постојат и некои кои потекнуваат од Џорџија.
Среќниот брачен пар неколку години живее на имотот каде е пронајдено богатството и нема идеја од каде се нашло тоа таму, рекол Кагин.

Некои монети ќе ги позајми Американската нумизматичка асоцијација за Националниот саем на монети кој ќе се оддржи во Атланта во четврток.

Кагин смета дека ова е едно од најголемите откритија на ретки монети во историјата на САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1