Кога среќата ќе се насмее: Бездомник ги дал последните пари за лото ливче и добил милиони


Невработен, во долгови и со големи шанси уште една година од животот да ја помине по улиците на градот Џера во Унгарија, Ласло Андрашчек (55) ги потрошил последните пари кои ги имал за лото ливче.

bezdomnikСе испоставило дека  тоа било неговата можеби најважна одлука во животот бидејќи Андрашчек токму со тој тикет минатата есен станал најголем добитник на лотарија во Унгарија. Кога помислил дека среќата засекогаш му свртила грб, седумте броеви му донесле добивка од 2 милиони евра.

Прво што направил откако и соопштил на сопругата и децата дека добил награда, било исплаќање на сите долгови, со цел да сврти нова страница во животот. Потоа со својот велосипед отишол во салон по нов автомобил.

Меѓутоа овој сега бивш бездомник нема намера да се расфрла со своите пари. За своите 3 деца купил по еден стан.

Станав богат но јас сум истиот човек. Сега можам да си купам поголем телевизир бидејќи можам да си го дозволам тоа – изјавил Андрашчек.

Пред 5 години имал проблеми со алкохолот па сега планира да отвори фондација за помош на зависниците кои се жртва на насилство во семејството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1