ЗАСТРАШУВАЧКА СИЛА: Ова е арсеналот со кој Путин и се заканува на Украина (ВИДЕО)


Ако Русите тргнат во битката за Крим, како што неколку пати беше најавено од Москва, тешко дека на нивните вооружени сили некој би можел да им застане на патот.

PutinРуските вооружени сили спаѓаат во една од најсовремените и најмоќни војски на светот, па не е чудно што цел свет со внимание гледа на предупредувањата кои доаѓаат од Кремљ, во врска со евентуалната воена интервенција во Украина.

1. Авијацијата отсекогаш била една од гордостите на руските вооружени сили. Во налетите на борбените авиони најверојатно би се нашле леталата од типот сухој-35, кои се одликуваат со неверојатни маневарски способности.

Другиот кец во ракавв секако би можел да биде тупољев Ту- 22М- стратегискиот суперсоничен бомбардер. Поради можноста да се дополнува со гориво во воздух, Ту-22М може да минува огромни растојанија. Најголема опасност претставуваат проектилите Кх-22 кои можат да го потопат речиси секој брод, а против нив ниту имало одбрана некогаш, ниту пак денес има.

2. Кога морнарицата е во прашање, украинската војска особено треба да внимава на водечкиот брод на руската Црноморска воена морнарица- гардиската атомска ракетна крстарица Москваа.

3. Силата на оклопно-механизираната единица на руската армија секако ја симболизира тенкот Т-90. Тоа е рускиот главен борбен тенк создаден врз база на стариот Т-72. Моментално е најмодерниот тенк во Копнените сили на руската војска. Најголем број од овие тенкови се наоѓаат во 5-та гардиска тенковска дивизија, која се наоѓа во Сибирската воена област, додека седум тенкови Т-90 се наоѓаат во вооружената морнаричка пешадија.

4. На крај, важен дел од вооружените сили на руската армија претставуваат војниците. Специјалните руски сили се меѓу најдобрите во светот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1