Го шокираше светот: Славната манекенка е родена како машко


Славната манекенка Џина Росерио живеела во страв дека некој ќе ја открие нејзината приватна тајна, за потоа да го изненади светот дека е родена како момче, пренесува Daily Mail.

Познатата американска манекенка со филипинско потекло изгради успешна кариера како модел за долна облека, а сега најпосле ќе може да живее во мир и раат.

hitportal-dzina1„Бев параноична дека можат да ме откријат секој ден. Ни мојата агенција не знаеше за тоа. Бев исполнета со страв, што ако луѓето дознаат, тоа би можело да ми ја уништи кариерата“, признава Џина.

Дури ни менаџерот на оваа прекрасна 30-годишна манекенка не ја знаел нејзината тајна, но откако ја дозна вистината, ја поддржа Росеро.

Џина е родена како момче, во Манила, во работничко семејство и како што вели, никогаш не се чувствувала како машко, ниту како хомосексуално момче.

Судбоносната одлука паднала кога таа наполнила 15 години и тогаш ја започнала својата трансформација во жена. После тоа се пресели во САД и ја започна својата модна кариера.

На голем број натпреварувања за убавина освоила многу награди и признанија, но тоа воопшто не било лесно за неа.

Џина денес е ко-основач на Gender Proud кампањата, која ја поттикнува свеста за борба за правата на трансексуалните лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1