Го шверцувал мртвиот вујко во стиропор


Поради големите трошоци за превоз на покојник и процедурите, еден човек на граничниот премин Бадовинци во Србија се обидел да прокриумчари човечки леш во амбалажа за расад на зелка

На идеја, како да ги измамат цариниците во обид да префрлат роба преку граница, на одредени поединци можат да им завидуваат и писателите на романи на научна фантастика. Цариниците често пати наоѓаат траги на скриен товар, кој требал нелегално да влезе во земјата.

28112013202703_srpska carinaСе случувало товарот воопшто да не биде скриен, како живо теле, кое еден дедо на преминот се обидел да го пренесе преку граница на совозачкото седиште во автомобил „фиќо„. На листата на такви необични случаи, првото место сепак му припаѓа на човекот кој се обидел да си го прошверцува мртвиот вујко.

Куриозитет е случајот од јуни 2011 година, кога на граничниот премин Бадовинци бил спречен обид за криумчарење на покојник. На прашањето на цариникот што има во делот за товар, возачот одговорил дека освен амбалажа од стиропор за расад на зелка, нема ништо друго. Кога започнале детална контрола, тој сепак се предомислил и признал дека меѓу амбалажата се крие и неговиот покоен вујко. Се воспоставило дека човекот се одлучил на тој потег поради комплицираните административни процедури и големи трошоци за превоз на покојникот.

На овој граничен премин интересен е обидот на италијанската брачна двојка да прошверцуваат голема количина накит во автомобил.

-Тврдеа дека постојано го носат со нив затоа што се плашат дека некој ќе ги ограби. Мажот отиде до таму, што глумеше срцев удар, велат од Царинската управа на Србија, додавајќи дека постојано си играат мачка и глушец.

Во една таква „игра„, еден магионичар инсистирал на цариникот да му ги покаже своите најдобри трикови.

-Откриено е дека магионичарот всушност криумчарел скапи италијански чевли- тврдат во Управата.

Дека луѓето добиваат секакви идеи за да прокриумчарат роба преку граница, најдобро говори случајот на човекот кој шверцувал цигари во торта.

-На преминот Ватин, цариниците пронашле цигари во торта. Тие започнале да се сомневаат затоа што човекот секој ден ја преминувал границата со се поголем број на торти. Кога еден ден одлучиле да проверат зошто тоа се случува, утврдиле дека во внатрешноста на тортите сокриени се цигари- велат од Управата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1