Жена во Кина наводно го дрогирала својот маж, го мачела со тоа што 3 дена не му давала храна и вода, го претепала во смрт а потоа го исекла на парчиња и го варела во експрес лонец!
Обвинетата, откако го извршила злосторството, самата се пријавила во полиција – пишува Мирор повикувајќи се на порталот Anhui News.
Наводно, таа прво го дрогирала, потоа три дена не му давала храна и вода, го претепала до смрт а потоа го распарчила и деловите од неговото тело ги варела во експрес лонец.
Тој и бил втор сопруг и, според извештаите за ова злосторство, ги малтретирал сопругата и нејзината ќерка.
По убиството жената имала голема грижа на совест, ослабнала 6 килограми и се пријавила во полиција каде се признала.
Случајот за Франс прес го потврди полицијата од кинескиот град Луан, но не откри повеќе детали.
Kanal 5