ФОТО Хорор: Им дал стан – го оставија да изгладне и ослабел до коска во домот за стари


Исповед на човек заробен во старски дом сред Белград.

draganhoror,,Ве молам спасете ме, јас сум во логор, ова не е старски дом ова е Аушвиц. Гладен сум со години, не се сеќавам каков е вкусот на млеко, месе, јадам само качамак и попара. Што е најлошо, тоа не е попара, туку леб во вода, а сирење и јогурт ми се мисловни именки,, вели сликарот Драган Момчиловиќ кој има 61 година, јави српски Курир.

Тој живее во дом кој работи на црно, што потврдиле и сопствениците.

Неговите роднини уште пред повеќе години потпишале договор за издржување на Драган со газдите на домот и тогаш било договорено Драган да биде негуван, да му биде укажувана лекарска помош, а за возврат да го наследат неговиот стан кој се наоѓа во центарот на Белград.

Но како што кажува сликарот, ниту неговите роднини не му помагаат.

Драган е ослабен на само триесетина килограми, а со него се однесувале како да сакаат да го убијат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1