Го теретат дека треба да врати долг за кредит на непозната личност


Основниот суд во Нови Сад, му наложил на Синиша Стојиќ, од Чачак да го врати кредитот во банка во вредност од 1,5 милиони динари, како жирант на М.П од Нови Сад, за кој осудениот тврди дека никогаш не го ни запознал.

 

Според неговите зборови, тој уште во 2008 година на домашна адреса добил опомена од НЛБ Банка, која што од него барала како жирант на М.П да плати повеќе од 4000 евра за неподмирените рати од кредитот. Поради тоа тој ја контактирал банката од каде добил одговор дека не може да му помогне.

Стојиќ случајот го пријавил во полиција, каде изјавил дека не познава никој М.П и дека никогаш не му бил жирант и дека никогаш не бил клиент на НЛБ Банка.

Судот си го кажал своето, пресудил во корист на банката во врска со долгот, а несреќниот новосаѓанец сега рпеку полиција и приватна тужба треба да докажува дека не потпишал никаков документ за жирант и дека воопшто не го познава оној кој си ги земал парите од кредитот.

Share Button

Tags: , , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1