Во Кина, паѓаат мостови, власта ги обвинува возачите


Отворањето на мостот Yangmingtan во градот Харбин во североисточниот дел на Кина, во ноември минатата година, кога беше отворен локалните власти го поздравија како проект со врвен успех.

Мостот долг 14,5 километри чинеше речиси 300 милиони долари. Се проценуваше дека ќе биде изграден за три години, но мостот беше завршен за една ипол. Сепак, на големо изненадување, минатата недела на Yangmingtan му попуштија темелите, а со тоа стана и осмиот кинески мост кој се срушил до сега. Од четирите камиони  кои се превртија три лица загинаа, а пет се повредени. Властите првично ги обвинија возачите и тврдеа дека камионите се претоварени, но поради големиот број на срушени згради во Кина, луѓето веќе го знаат вистинскиот виновник, а тоа е корупцијата.

Од 2011 година, осум мостови пропадна низ целата земја. Меѓу нив е и случајот во април минатата година, кога пукна челичен кабел од висечки мост во провинцијата Ксинџијанг, а поради тоа голем број на возила завршија во реката. Два месеци подоцна, мост падна и во провинцијата Фуџијан, каде што едно лице загина, а 22 лица поминаа со повреди. Во март оваа година се преполови мост во изградба во провинцијата Хубеи.

По уривањето на мостот во Харбин, на Сина Веибо-кинеска верзија на Твитер беа објавени пораки во кои се напаѓа корумпираноста на власта која грабајќи пари ги заборава граѓаните и нивната безбедност.
Според нив вообичаено е да се користат ниско-квалитетни материјали, а во исто време да се наплатува како да се гради со суровини од прва класа.

Share Button

Tags: , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1