Валканиот Хари би го заклал Обама (Видео)


На конференцијата на републиканската партија најмногу допринел  осумдесет и девет годишниот Клинт Иствуд, легендарниот холивудски глумец  кој во еден жежок говор  изведе замислен дијалог со претседателот  Барак Обама, каде покажал гестикулации кои асоцираат дека го коле Обама.

“ Кога некој не си ја врши својата работа, треба да го отпуштиме. Зборувам во името на сите присутни. Ние не сме ментални мазохисти, да гласаме за некој  за кој не сакаме да биде на чело на државата, изјавил Иствуд и продолжил да им се обраќа на празните столчиња  и си замислувал дека на нив седи Обама. На столот односно на Обама му поставил неколку прашања во врска со невработеноста и војната во Авганистан.

Интересно е што Иствуд за разлика до останатите не го читал својот говор, туку зборувал на памет. Поради што го кажал и гафот дека едне правник никогаш не треба да биде претседател, заборавајќи дека неговит кандидат Мит Ромни дипломирал на Харвард две децении пред Обама.

Медиумите во Сад говорот на Иствуд го опишале како еден од најнадреалните моменти во историјата на партиските конвенции.

Филмскиот критичар и сценарист Роџер Еберт изјавил дека Клинт Иствуд делувал тажно и патетично.

“Не требаше тоа на себе да си го направи. Тоа не му доликува нему”, изјавил Еберт.

 

Share Button

Tags: , , ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1