МВР го расчисти убисвото во велешката гимназија од минатата недела. Во полициска станица вчера бил приведен 48 годишниот Зоранчо Б.
Според првичините информации тој веќе го признал делото пред полицијата. 90 годишниот Јован Цилаков го убил за сума од 300 денари.
Посочил дека го пресретнал во паркот во Велес го удрил по што паднал во тревникот. Вториот удар по главата најверојатно бил смртоносен. Во џебовите кај жртвата нашол 200 денари ги зел и побегнал.
Убиството се случи околу 17 часот минатиот четврток во дворот на велешката гимназија. Телото на Цилаков го пронајдоа случајни минувачи.