Хонорарците се бришат од списокот на невработени и ќе плаќаат придонеси


Владата од 1 јануари идната година ќе ги избрише од листата на невработени хонорарците и лицата кои работат со договор на дело или друг вид договор. Во исто време овие лица покрај персоналниот данок што го плаќаа досега ќе мора да плаќаат и придонеси за пензиско и за социјално осигурување.

nevrabotenostВо оваа категорија спаѓаат сите лица кои остваруваат годишни приходи повисоки од 12 минимални загарантирани плати. Оние, пак, кои заработуваат од повеќе хонорари или од повеќе договори на дело, придонесите ќе го плаќаат на збирниот нето износ на приходите, ако тој го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.

Законска обврска е на хонораците и на нивните работодавачи да го пријават хонорарното работење или договорот за дело кај соодветните институции кои треба да ги внесат во сопствените регистри.

Ова го предвидуваат најновите измени на четири меѓусебно поврзани закони за кои се бара да бидат донесени во скратена постапка, а пратениците ќе гласаат за нив денеска.

„Невработено лице или друго лице кое што бара работа не може да биде евидентирано во регистрите доколку има склучено договор за дело, авторски договор или друг договор за кој се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон“, стои во предложената измена на членот 53  од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во кој се додава нов став.

nevrabotenost2Променета е и висината на казните што ќе ги плаќаат овие граѓани ако не ги почитуваат законите, но и работодавачите ако не постапуваат според измените на овие закони.

Со глоба од 200 евра ќе биде казнето невработено лице кое зема хонорар или работи со договор на дело ако инспекторите го најдат како работи кај некој работодавач, а со ист износ ќе биде казнет и работодавачот. Глоба во износ од 500 до 1.000 евра ќе му се изрече на обврзникот за уплата на придонесите сам за себе доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Plus Info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1