Го убила мажот зошто ја фатил дека го изневерува – прво го удрила со хебла, па докрајчила со нож


58-годишниот Божидар Пахла почина како резултат на повредите кои му ги нанела сопругата Снежана (52) во Стар Костолац во Србија.

heblaaaТаа напрво сопругот неколкупати го удрила со хебла, а потоа животот му го одзела со два убоди со нож во стомакот.

Според истрагата Божидар откако ја фатил како го изневерува постојано ја малтретирал, а сестрата на осомничената за српски Курир изјави дека таа со години живеела несреќно покрај него, а сега морала да трпи и малтретирање и тепање.

-Постојано ја тепаше. Немаше ден да не ми се јави молејќи ме да викнам полиција. Ми велеше дека откако ќе ја претепал, со нејзината глава удирал во ѕид и под.Таа постојано имаше модрици по цело тело, истакна сестрата на Снежана.

Жртвата и неговата сопруга имаат три деца и три внуци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1