Го удриле 4 грома – жив го закопале за да го спасат


mandon

Поговорката дека гром никогаш не удира два пати во исто место, очигледно не се однесува на Александар Мандон. Всушност, овој 20-годишен Колумбиец го удрил гром дури четири пати во последните шест месеци.

Поради тоа домородскиот исцелител му препорачал на Мандон жив да го закопаат во исправена положба за да го „излекуваат” од привлекување на громови.

1mandonИсцелителот мисли дека околното земјиште апсорбира несоодветно електрично полнење од неговото тело.

Првиот пат го погодил гром додека тој служел во армијата. Кога молњата го погодила прв пат, Александар бил среќен дека останал жив.

Сепак, по третиот пат, неговиот командант се плашел дека неговиот војник едноставно привлекува громови и го разрешил од армијата.

Другарите од војска му дале прекар громобран.

ziv-zakopan-03

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1