Го закопал живо 14-годишното девојче бидејќи забременило – му помогнала неговата мајка


Смртта на Kјара Паез (14) ја крена цела Аргентина на нозе. Повеќе од 200.000 луѓе излегле на улиците откако трупот на девојчето бил пронајден во дворот на нејзиното момче, три дена откако било пријавено нејзиното исчезнување.

Кјара била бремена осум недели кога нејзиното момче Мансила брутално ја претепал и закопал жива во дворот на својата куќа. Потоа се приклучил во потрагата по Kјара, а на крајот го признал злосторството, пишува британски „Мирор“.

kjara paez

Мансила, кој со несреќното девојче се забавувал неколку месеци, е обвинет за убиство и принуден абортус, откако во телото на девојчето била пронајдена голема количина на таблети за прекин на бременоста. Со истрагата е утврдено дека бременоста била причината поради која ја убил Кјара. Со обдукцијата е утврдено дека несреќната Кјара била во осмата недела од бременоста и дека била жива закопана.

Меѓутоа, се испоставило дека Мансила не ја убил сам Кјара, туку во тоа му помогнала неговата мајка и нејзиниот невенчан сопруг.

Убиството на Кјара Паез, која била омилена во своето училиште и населбата, било капката која ја прелила чашата во Аргентина. Повеќе од 200.000 демонстранти, кои бараат поостри казни за насилниците се собрале околу аргентинскиот парламент во Буенос Аирес.

Тие бараат од властите да направат сè за да го спречат насилството над жените. Во последните шест години во Аргентина се убиени повеќе од 1.800 жени и незадоволните граѓани сакаат ова конечно да се запре.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1