Го закопала мажот со мобилниот телефон – сега и се јавува и и го изговара името


Вистинска драма и се случува овие денови на Вера Радаковиќ (72) од српското село Стојник, која, ако може да се верува на нејзините зборови, од почетокот на годината скоро секоја ноќ преку телефон ја повикува сопругот кој починал кон крајот на декември.

kucaduhova-todorovoTOPВера за српските медиуми раскажува дека нејзиниот сопруг Живко по долга болест, починал на 26-ти декември, а таа како што доликува го испратила на оној свет. Само десет дена по погребот, Вера среде ноќ ја разбудил телефонот, а од другата страна го слушнала гласот на покојниот сопруг.

-Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ кога мобилниот ми заѕвони. Прво мислев дека некој го погрешил бројот, бидејќи нема кој да ме бара така доцна, а потоа кога веќе сакав да ја прекинам врската го слушнав гласот на мојот Живко како тивко вика: „Верааааа”. Вриснав и така силно го фрлив телефонот кој се распадна при ударот на подот, се присетува Вера. Отишла и да провери од кој број дошол повикот и се фрапирала кога во мобилната компанија и кажале дека е тоа бројот на нејзиниот сопруг Живко.

За да целата приказна биде уште поморбидна, според Вера, таа на денот на погребот во ковчегот, поточно во неговиот џеб го ставила и неговиот мобилен телефон.

-Роднините ме убедуваат дека некој можеби го отворил гробот и го украл телефонот па сега ме малтретира и ме тера да полудам. Знам дека на овој свет се’ се случува, но најмногу ме вознемирува фактот што гласот кој го слушнав беше на мојот Живко, тој глас го слушав секој ден во последните 40 години и не можам да погрешам, вели Вера.

Во последно време повиците се повторувале, или ќути или само го изговара моето име. Не знам повеќе што да правам, почнав да го исклучувам телефонот, но кога наутро ќе го уклучам гледам пропуштен повик од бројот на Живко. Ќе барам гробот да се отвори, велат дека тоа се викало есхумација, што и да е – сакам да видам дали телефонот е во ковчегот или не и конечно да се уверам дали мојот маж од оној свет ме повикува или пак некој душман си игра со мене, вели Вера.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1