Не стивнуваат реакциите во јавноста по објавата за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит. Медиумите го следат секој нивен чекор, но и чекорите на нивните поранешни девојки, момчиња, како и нивните родители.
Иницијалната каписла за поднесување на барање за развод од страна на Џоли било наводното физичко малтретирање кое Бред го извршил врз посвоениот син Медокс. Таа не сакала актерот да ги повредува нивните деца. Оваа вест како бомба одекна во светот, но се чини дека не е баш така.
Имено, полицијата објави дека Бред нема да биде кривично гонет бидејќи не е докажано дека намерно физички го повредил Медокс, иако е јасно дека имале расправија. Тогаш се појавија сомнежите дека ФБИ покренале истрага, но ТМЗ објавува нови детали. Федералното истражно биро никогаш не покренало истрага против актерот.
Вистината е дека ФБИ официјално собира докази, но дека Бред нема да биде процесуиран. Целиот случај се очекува да заврши деновиве по што ФБИ планира да излезе со извештај во јавноста.
-Зад кулисите ни е кажано дека од тој случај „нема ништо“, рекол извор за ТМЗ.