Годинава во Грција ќе е поскапо за одмор – данокот на Самарас ќе удри и по македонците


Македонските туристи во Грција налето може да ги пречекаат повисоки цени на хотелите и на апартманите. Сопствениците на сместувачки објекти во грчките туристички места калкулираат со цените за претстојната сезона чекајќи ја разврската на регулативата за оданочување на имотите закажана за почетокот на февруари. Ако владата не ги намали давачките, тие најавуваат дека ќе ги зголемат цените.

turisti-grcijaДел од македонските туристички агенции што деновиве биле во Грција за да склучат договори со грчките партнери велат дека се вратиле со „празни раце“, пишува Дневник.

Тие објаснуваат дека Грците не сакале да се договараат с` додека не видат дали државата ќе смени нешто во регулативата со која од почетокот на годинава воведе единствен данок на имот. Зголемувањето на цените особено ќе ги погоди евентуалните гости од земјите како Македонија, кои потешко ќе можат да ја поднесат разликата во споредба со минатата година.

Од она што го најавија, може да се очекува сместувањето да поскапи за најмалку 10 до 15 отсто.
Сепак агенциите кои веќе имаат однапред склучено договори неколку години однапред ќе ги задржат старите цени – старите договори остануваат

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1