Ѓоковиќ победник на Вимблдон


Новак Ѓоковиќ е победник на неофицијалното Светско тениско првенство, односно Гренд слем турнирот Вимблдон.

Во меч кој траеше повеќе од 4 часа Ѓоковиќ во финалето го победи Роџер Федерер со 3:2 во сетови.

aap_7230_31Dec_NovakDjokovic_800x600Во првиот сет се водеше голема борба за на крајот Швајцарецот да го добие во тај-брејкот со 9:7 на поени. Првиот носител Ѓоковиќ ги доби вториот и третиот сет со 6:4 и 7:6(7:4 на поени) за пресврт и водство од 2:1 во сетови.

Во четвртиот сет Ѓоковиќ имаше предност од 5:2. Но, Федерер со брејк во осмиот гем се врати во игра намалувајќи на 5:4, за во следниот на својот сервис да ја спаси и првата меч топка која ја имаше Ѓоковиќ, односно Федерер го израмни резултатот на 5:5 во гемови. Тоа му даде дополнителна сигурност Швајцарецот кој направи уште еден брејк и го доби сетот со 7:5.

Во решавачкиот петти сет. Клучен беше единаесеттиот гем во кој Ѓоковиќ направи брејк на сервис на Федерер и со конечни 6:4 го совлада големиот ривал.

За Ѓоковиќ, кој по втор пат триумфира на Вимблдон, ова е 7-ми трофеј од Гренд слем турнирите, на кои единствено му недостасува титула од Роланд Гарос, а вкупно 45-ти во кариерата.

Резултатот во меѓусебните дуели на Ѓоковиќ и Федерер сега е 18:17 за Швајцарецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1