Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите светски спортисти, а покажа и дека е голем џентлмен со одлуката да ги повика своите навивачи бесплатно да го следат тренингот на српската тениска Дејвис куп репрезентација во Краљево.
Претходно во Краљево каде ќе се игра мечот од 6-8 март имаше афера со продажбата на билетите, а грото од нив завршија во рацете на локалните политичари. Ѓоковиќ реагираше, а полицијата најави истрага. За да се оддолжи, иако не беше виновен, туку напротив со изјавите и своето негодување ја покрена истрагата, Новак заедно со соиграчите одлучија денешниот тренинг да биде отворен за сите.
Луѓето одговорија со масовна посета, па во салата во Краљево имало околу 3 илјади луѓе колку што е капацитетот, а надвор според извештаите на српските медиуми останале над илјада луѓе. Ѓоковиќ е магнет за публиката, сосема заслужено како еден од најдобрите спортисти на планетата, но и како голем џентлмен и скромен човек.
Погледнете како најдоброрангираниот светски тенисер ги забавуваше присутните во салата во Краљево, имитирајќи ги колегите од безболот.