Голем дефект на државниот авион – Иванов не полета за Сочи


– Посетата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов на Сочи е откажана поради сериозен дефект на државниот авион при стартувањето на моторите.

avion-500Од Кабинетот на Претседателот потврдуваат дека Иванов изутрината требало да полета за Сочи, но дека тоа не се случило поради дефект на авионот.

Како што претходно беше најавено, претседателот на Република Македонија Иванова требаше да присуствува на отворањето на 22. Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во рускиот град Сочи, од каде требаше да замине во посета на Москва.

Од Кабинетот на Претседателот информираат дека претседателот Иванов, сепак со редовна линија ќе ја продолжи предвидената посета на Москва.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1