Голем грабеж во Велес – 2 милиони денари украдени од банкомат на Комерцијална


Непознат сторител од банкомат на Комерцијална банка украл над 2,5 милиони денари.bankarpljacka-bankomat-beocin-1328585176-98758

Утрово во 4:30 часот во СВР Велес е пријавено дека непознат сторител со употреба на сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од трговски објект лоциран на улица „Благој Ѓорев“ бр 96 во Велес, влегол внатре и со употреба на сила и алат делувал на вратата од сефот од банкоматот сопственост на Комерцијална банка и одзел три касети во кои според пријавата од Комерцијална банка имало 2.535.500 денари.

Извршен е увид на лице место и се преземаат мерки за расветлување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1