Овци начекале канабис и сега дивеат на туѓи имоти


Официјалните лица од град во јужен Велс предупредуваат на група овци што јаде канабис и предизвикува проблеми во областа.

Јоан Ричард, советник од Свонси каунти, стравува дека овците во областа се хранат со растенија канабис, кои биле фрлени од нелегална фабрика за производство на канабис.ovci

– Се плашам да помислам што ќе се случи ако тие јадат од канабисот. Ние би можеле да имаме психотични овци кои постојано ќе дивеат низ областа – стравува Ричард.

Тој додаде дека едно стадо овци веќе било забележано како скита низ едно село и упаѓа на туѓи имоти.

– Веќе постои стадо овци кое предизвикува непријатности. Тие влегуваат во градини, при што во една прилика влегле во бунгалов и направиле хаос во спалната соба – вели Ричард.

Портпарол на Советот на Свонси каунти изјави дека канабисот е отстранет од областа и го осуди на процесот на нелегален увоз на ова растение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1