Финансиската криза причина за над 500.000 смртни случаи од рак во светот


Зголемувањето на невработеноста и буџетските кратења во здравствениот сектор, кои следеа по финансиската криза од 2008 година предизвикаа висока смртност од рак. Бројката се проценува на дури половина милион лица, на светско ниво, според ова истражување, пренесува БТА.Cancer-Chemotherapy

– Неодамнешната економска криза е директен или индиректен причинител на смртта од рак на 260.000 лица во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) од 2008 до 2010 година, при што 160.000 од нив во Европската Унија, се посочува во истражувањето, објавено во списанието „Лансет”.

– Во светски рамки, бројот на смртните случаи од рак достигнува и над 500.000, вели раководителот на истражувањето д-р Махибен Марутапу од лондонскиот „Империјал колеџ”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1