Голем одрон на патот Прилеп-Битола-Ресен, сообраќајот во прекин


Поради поголем одрон, сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен, на обиколница Битола, на 100 метри пред тунелот е привремено  во прекин. Сообраќајот се пренасочува низ Битола.

На самото место поставена е соодветна сигнализација.karpa pat odron

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

На регионалниот пат Валандово – село Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1