Ангелов: Со УЧК и командант Валтери ке одам против власта


Претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов вечерва објави скандалозен статус во кој гордо вели дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ.stojance

Ангелов реплицирајќи му на новинарот Драган Павловиќ- Латас, вели дека тој е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта и Латас. Притоа, тој го моли уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири да му организира и ТВ емисија со командантот Валтери.

-Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален режим!, пишува Ангелов.

Оваа фејсбук изјава на Ангелов наидува на огромен револт на социјалните мрежи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1