Голем одрон во рудникот „Суводол“


Поголема количина јаловина, завчера се одронила во рудникот „Суводол“ кај РЕК „Битола“, информираат од ЕЛЕМ.

suvodol rudnikСпоред ЕЛЕМ, одроунувањето било предизвикано од обилните врнежи последниве денови. Од комбинатот посочуваат дека секојдневно се следела геомеханичката стабилност на теренот од страна на надлежните служби на производна единица „Рудници“, па за среќа навреме биле евакуирани багерските единици и останатата механизација на јагленовиот систем, пишува Дневник.

Сепак, иако биле преземени превентивни мерки, дел од одронетата јаловина делумно го оштетила погонот за движење на багерот КУ-300, кој е ангажиран на ископ на јаглен. Во рудникот Суводол, во моментов засилено се работи на расчистување на одронот и санирање на багерот КУ-300. Според првичните проценки, расчиствањето треа да трае неколку дена.

-Експлотацијата на јаглен во ПЕ Рудници се одвива во зимски услови, што не влијае на континуираното одвивање на производниот процес и испораката на јаглен до термоелектраните до ТЕ ’Битола’. Ваквите појави не се невообичаени, особено за овој период годината во услови на обилни врнежи, информираат од ЕЛЕМ.

Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1