Маж од Тајланд итно бил превезен во болница откако во неговиот дом, додека седел на тоалетната школка, за половиот орган го гризнала голема змија , пренесува „Д Сан“.
38-годишниот Атапорна Бонмакчуаја бил гризнат од питон за пенисот откако низ канализацијата влекачот се пробил до неговата тоалетна школка.
Тајланѓанецот изјавил дека почувствувал кратка и остра болка на врвот на пенисот, но кога станал свесен што се случува и откако увидел дека змијата не сакала да попушти со гризењето, ја повикал сопругата да му помогне.
Тогаш започнала борбата помеѓу питонот и несреќниот маж, а резултирала со огромно количество на пролиена крв. Змијата не сакала да го пушти, па Тајланѓанецот одлучил да врзе јаже околу главата на питонот, сакајќи да го натера животното да го ослободи. Планот му успеал, но мажот поради огромната количина на изгубена крв изгубил свест и итно бил превезен во болница.
– Мислев дека ќе ми го откине пенисот -признал несреќниот маж. Откако тој бил префрлен во болница, работниците од брзата помош заедно со пожарникари го извлекле огромниот питин од тоалетната школка во која била заглавен.
Змијата ќе биде пуштена назад во дивината.