Пожарот стигнал многу блиску до неколку куќи што се наоѓаат пред Дојран и многу брзо се шири. Влезот во самиот град од македонска страна е оневозможен и до градот може да се пристапи само преку Грција.
Моментално се работи на локализација на пожарот но на терен има само едно противпожарно возило кое е многу старо и самите пожарникари едвај се справуваат со големиот пожар кој претставува сериозна закана за целиот град.
Се надеваме дека во брзо време на терен ќе пристигнат повеќе противпожарни екипи кои ќе им помогнат на своите колеги кои во овој момент со сите сили се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на пожарот.
Foto/izvor – Tocka.com.mk