Голем пожар беснее во Дојран – пристапот до градот блокиран


Според информациите што ги добивме околината на Дојран е зафатена од голем пожар кој брзо се жири, а му се заканува и на самиот град.

pozar-dojran-big-one-01Пожарот стигнал многу блиску до неколку куќи што се наоѓаат пред Дојран и многу брзо се шири. Влезот во самиот град од македонска страна е оневозможен и до градот може да се пристапи само преку Грција.

Моментално се работи на локализација на пожарот но на терен има само едно противпожарно возило кое е многу старо и самите пожарникари едвај се справуваат со големиот пожар кој претставува сериозна закана за целиот град.

Се надеваме дека во брзо време на терен ќе пристигнат повеќе противпожарни екипи кои ќе им помогнат на своите колеги кои во овој момент со сите сили се обидуваат да го спречат понатамошното ширење на пожарот.

Foto/izvor – Tocka.com.mk

pozar-dojran-big-one-03

pozar-dojran-big-one-01

pozar-dojran-big-one-02

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1