Голем пожар во Охрид – гори брегот од болницата Свети Еразмо


На целиот брег на Охридското езеро, од болницата “Свети Еразмо” до црпката на колекторскиот систем на стариот пат за Струга, беснее голем пожар, јавува Вест.

C131C4A0E95D734F8A97148094CB82BDПожарот избувна околу 10 часот и ги зафати трските, но и делови во близина на бензинската пумпа поради што вработените под итно ги тргаа запаливите буриња полни со запалива течност.

Во гаснењето на пожарот се вклучија најпрво две возила на противпожарната бригада од Охрид, но поради силината на огнената стихија и опасноста да ја зафати и бензинска пумпа, вклучи уште едно возило. Силниот ветер постајано го засилува пожарот што им ја отежнува работата на пожарникарите.

Пожарникарите полека го локализираат пожарот, но на брегот има уште многу жаришта од кои избива пламен. најголемиот дел од нив се кај бензинската пумпа. За сега не се знаат причините за појавата на пожарот, но се претпоставува дека е предизвикан од немарност.

Фото – Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1