Две бараки се запалија попладнево во скопската населба Ченто. Како што јавува Вечер, за среќа нема жртви а со брзата интервенција на противпожарната бригада, која веднаш по пријавата во најкус можен рок пристигнала на местото со четири возила успеале да го локализираат пожарот и спречат понатомошното ширење.
Во едната барака немало никој а во другата имало жена која во моментот на пожарот спиела. Соседите кои први го забележале чадот за среќа на време успеале да ја алармираат и спасат. На местото пристигнале и полициски патроли кои го обезбедуваат теренот како и екипа на ЕВН кои поради безбедност ја исклучиле струјата.