Во голем пожар што вчера пламна во павилјоните на студентскиот дом „Цвијетно“ во Загреб се изгорени неколку соби, студентите се евакуирани, а најмалку три лица се повредени.
На повредените им е укажана итна медицинска помош, а пожарот беше ставен под контрола.
До пожарот, како што пренесоа хрватските медиуми, наводно дошло во кујната, а потоа тој се проширил низ целиот дом.
Пожарот зафатил и неколку соби, а студентите на социјалните мрежи веќе меѓусебно се организираат за да им обезбедат сместување на колегите на кои собите им беа зафатени од пожарот.
Студентскиот дом е евакуиран од безбедносни причини.
Во гасењето на пожарот интервенирале триесетина пожарникари со повеќе возила.