Автобус со српски војници излетал од патот – има повредени!


Автобус, кој превезувал 28 српски војници, утрово во близина на Владичин Хан излетал од патот, при што се повредени 14 лица, соопшти Министерството за одбрана.autobuska-nesreca-u-vladicinom-hanu-620x350-106160

Според првичните информации на ресорното Министерство, едно лице се здобило со тешки повреди на главата, но ниту еден од повредените не се наоѓа во критична состојба, јави Танјуг.

Станува збор за припадници на 4. бригада на Копнената војска, кои патувале на релација Ниш – Врање.

Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1