На Битпазар беше спроведена акција на инспекторатот за земјоделство против дивите продавачи на режан тутун.
Акцијата била подржана од МВР при што биле одземени повеќе од 200 килограми режан тутун.
-Државниот инспекторат за земјоделство согласно законот за тутун направи контрола на Битпазар со цел да утврди дали се продава режан тутун или качак бидејќи тоа е спортивно на законот за тутун.Одземен се повеќе од 200 килограми режан тутун од тројца познати и четворица непознати сторители, истакна Румен Стаменов главен инспектор во министерство за земјоделство.