Четири лица се лишени од слобода, за три од нив е определена мерка притвор од 30 дена, а други пет се во бегство, во врска со три одвоени случаи во кои полицијата заплени поголема количина дрога, а во рамки на операцијата „Мрежа“ за сузбивање на нелегалната трговија за злоупотреба на наркотици.
Во првиот случај во кој дрогата од Албанија преку Македонија и Грција требало да биде пренесена до западноеворпските земји, а од слобода се лишени двајца македонски државјани,а запленети се 136 пакувања односно 135,5 килограми марихуана и 5 килограми хашиш или вкупно 140 килограми дрога. Според досегашните сознанија, истакна Јанкулоска, запленетата дрога потекнува од Албанија, а нејзината проценета вредност е околу 500 илјади евра.
Во близина на граничниот камен број 54 во зелениот појас на граничната линија со Грција, информира министерката, фатени и лишени се од слобода две лица од Стојаково на возраст од 47 и 49 години.
– Кај нив се пронајдени 5 торби во кои имало 138 пакувања марихуана и хашиш. Во бегство се уште 5 засега непознати лица. Полициската патрола пронашла и патничко моторно возило со привремена бугарска регистрација користено за транспорт на дрогата. Утврдено е дека табличките потекнуваат од друго возило, појасни Јанкулоска и додаде дека пронајденото возило е сопственост на 40-годишно лице од село Калишта од Струга. Тој е лишен од слобода, а на подрачјето на Струга извршен е претрес кај сопственикот на возилото и лице од село Франгово. При претресот пронајдени се ловна пушка, реденик со 15 патрони, воздушна пушка пиштол калибар 7.62, куршуми и празни рамки. Во тек се активности за утврдување и на други членови на криминалната група и целосно расчистување на случајот.
Вториот случај, полицијата во заседа на локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Ломница и Неготино во близина на месноста Кисела Вода, пресретнала две непознати лица, најверојатно дражвјани на Албанија, кои дале активен отпор и избегале во блиската шума. Едното лице го фрлило ранецот што го носело, а во него имало 6,5 непозната тревкаста материја, која најверојатно е марихуана.
Во третиот случај, посочи Јанкулоска, по претходно добиени оперативни сознанија приведено е едно лице од Охрид познато под прекарот Момир, кој со возило „пежо 206“ тргнал на патот кон Битола за да достави марихуана, а претходно дел оставил и во Ресен. Најверојатно се обидел да се ослободи од хероин за време на возењето.
За овој случај, истакна министерката Гордана Јанкулоска, полицијата се уште постапува и презема активнсоти за негово расчистување.
Во видеото во продолжени може да погледнете како се врши размената на дрогата.