Пожар во хотел во Прага – имало и македонски ученици во хотелот


Седумдесет гости, меѓу кои и ученици од Македонија ноќеска по полноќ, поради пожар биле евакуирани од хотелот „Топ” во Прага, јави дописникот на МИА.

500hotel_top_budovaОд Mакедонската амбасада потврдија дека нема повредени граѓани од Македонија.

Според официјалната информација на противпожарната бригада, огнот избувнал на петтиот кат од хотелот, во блокот Б, откако се запалил кревет кој бил сместен во ходникот. Пожарот кој веднаш бил изгасен, зафатил и уништил дел од теписите и ѕидовите во просторијата, а од чадот бил зафатен и шестиот кат од хотелот. Гостите безбедно биле евакуирани уште пред пристигнувањето на противпожарната единица.

Според соопштението на противпожарната служба, на едно лице, вработено во хотелот му било укажана здравствена помош поради вдишување на чад.

МИА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1