Припадници на специјалните полициски единици го запоседнаа кумановското село Лојане. Во тек е голема полициска акција за приведување на лица кои се вклучени во меѓународните канали за криумчарење на мигранти.
Претрес е направен на десетина објекти каде се пронајдени 30, а приведени 5 мигрантимеѓу кои има и малолетници.
Акцијата на специјалните полициски единици започна утринава во 8 часот и 30 минути.
Од МВР ја потврдуваат информацијата за акцијата, но повеќе детали најавуваат за подоцна.