Голем пожар избувна денеска во фабрика за хемикалии во турскиот град Гебзе на 40 километри од Истанбул. Според локалните медиуми пожарот избувнал во една од халите на компанијата и брзо се проширил на површина од 5.000 метри квадратни.
Според првичните информации 3 лица се повредени.
Пожарникарите не можеле веднаш да почнат со гаснење на огнот, бидејќи во просториите постојано експлодирале хемикалии. Фабриката за хемикалии во Гебзе извезува производи во над 50 земји во светот.
Според првичните проценки штетата од пожарот може да изнесува околу 8,5 милиони долари.