Голема експлозија во фабрика за хемикалии во Истанбул – 3 повредени


istanbul pozar

Голем пожар избувна денеска во фабрика за хемикалии во турскиот град Гебзе на 40 километри од Истанбул. Според локалните медиуми пожарот избувнал во една од халите на компанијата и брзо се проширил на површина од 5.000 метри квадратни.

Според првичните информации 3 лица се повредени.

Пожарникарите не можеле веднаш да почнат со гаснење на огнот, бидејќи во просториите постојано експлодирале хемикалии. Фабриката за хемикалии во Гебзе извезува производи во над 50 земји во светот.

Според првичните проценки штетата од пожарот може да изнесува околу 8,5 милиони долари.

n_39912_4pozar turcija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1