Голема победа за АСАД – Сириските бунтовници се предадоа


Сириската вооружена опозиција и другите бунтовнички групи до сабота ќе мораат да ги евакуираат своите борци и од последниот кварт кој го контролираа во градот Хомс, наречен „престолнина на револуцијата“, 185 километри северно од главниот град Дамаск, во согласност со примирјето кое во вторникот го постигна со силите на владата, соопшти гувернерот на истоимената покраина Талал ал-Барази.

Според гувернерот, во првата фаза од предградието ел-Ваер ќе бидат изведени 300 бунтовнички борци. „Нивната евакуација е планирана за в сабота“, изјави Телал ал- Барази за сириската државана агенција SANA.sirija vojska asad

Вкупно во ова северно предградие на Хомс има околу 3.000 борци на сунитската вооружена опозиција која западните земји ја сметаат за „умерена“, но и борци на исламистички и џихдистички групации. Тие ќе се дислоцираат во областите на покраините Хама и Идлиб кои се под контрола на различните бунтовнички групи.

Гувернерот не ја отфрла можноста некои од бунтовниците да го положат оружјето, како што се случи во мај 2014 година, кога бунтовничките сили беа потиснати од населбите во старото градско јадро на Хомс. Не исклучува, исто така, дека и некои семејства ќе го напуштат градот заедно со бунтовниците.

Во мај 2014 година Хомс беше освоен од војските на владата во Дамаск по двегодишни обиди да се пробијат во градот. Историскиот дел речиси е уништен, а откако бунтовниците го напуштија градот, нивните сили и тоа различни групи се групираа во предградието ал-Ваер.

„Доколку биде исполнето договореното, тогаш Хомс ќе биде целосно ослободен од сите вооружени групи“, изјави гувернерот.

Прецизирал дека сите бунтовници за период од два месеца ќе се евакуираат од Хомс кој во март 2011 година, кога по инерција на ткн Арапска пролет започна бунтот против сирискиот претседател Башар ал-Асад, беше наречен „престолнина на револуцијата“.

Ал-Ваер беше последната населба кој беше под контрола на бунтовниците во Хомс. Гувернерот ал-Барази се сретна со претставниците на сите бунтовнички групи во ал-Ваер, меѓу кои и со Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда.

Во предградијата на Дамаск, Кудсај и ел-Хамма во понеделникот, исто така, беше постигнато примирје. Договорот е постигнат со посредство на мисијата на ОН во Дамаск и активистите на внатрешната сириска опозиција која не војува и чие постоење го прифаќа владата на Асад, додека вооружената сунитска опозиција ја обвинува дека е негова марионета.

Еден од опозициските активисти, Махер Мерхиџ, изјави за медиумите дека мировниот договор во Кудсај може да биде проширен и на други региони во околината на главниот град, особено во Источна Гута, каде што се водат борби меѓу сириската армија и исламистичката група Џаиш ал-Ислам.

Во првата фаза од двете предградија се извлечен 117 борци на Џебхат ан-Нусра. Во таа група се и 15 жени и деца, изјави претставникот на светската организација чии претставници заедно со активисти на организацијата Сириска Црвена полумесечина го придружувале конвојот до местото Кфар-Нобул, во покраината Идлиб.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1