Голема поплава ја однесе зоолошката – на улица шетаат мечки, алигатори, нилски коњи… (Видео)


Најмалку седум луѓе ги загубија животите во невремето проследено со поплави во изминатата ноќ во главниот град на Грузија, Тбилиси. Повеќе луѓе се водат како исчезнати, наведуваат руски медиуми.nilski-konj500

– Загинаа седум луѓе иако тоа не се конечни информации, изјави Давид Нарманија, градоначалник на Тбилиси.

Градот ноќеска беше погоден од невреме проследено со град и силен ветар како и поројни дождови во кои се поплавени куќи и згради, оштетени улици, инфраструктура.mecka500

Поплавени се повеќе од стотици куќи, подземни преминни и плоштади. Се излеа и реката Вера поради што е поплавен дел од Зоолошката градина. Дел од животните се удавиле, а 32 побегнале меѓу кои и тигри и мечки, јавуваат локални медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1