Голема тепачка меѓу Делиите и Гробарите – се тепа низ цел Белград – над 90 приведени


Белградската полиција уапси повеќе од 90 навивачи на Партизан и Црвена Звезда, како и неколку странци, поради повеќе тепачки кои се случија пред почетокот на вечното дерби од 28-то коло од српската Суперлига.

314369_reprezentacijablicaleksandar-dimitrijevicbeograddi003132427-1_fКако што пренесуваат српските медиуми, во тепачката меѓу навивачите кај ОУ „Даринка Радовиќ” во населбата Железник се приведени 20 навивачи меѓу кои четворица Руси и еден Грк. По таа пресметка, две лица побарале помош во Ургентниот центар, но полицијата нема информација за нивните повреди.

На сосема другиот крај на Белград, на Панчевачкиот пат кај кафеаната „Мал рај”, дошло до уште една тепачка меѓу навивачите на Партизан и Звезда по што се приведени уште 19 лица.

-Со тие две тепачки и со уште неколку помали, вкупно во полициските станици се доведени 92 лица, од кои три се малолетни, велат од српското МВР, пренесува Бета.

grobari-jug_1368896771_670x0

342548_delije-144-derbi_f

342540_autobus-partizana_ff

314369_reprezentacijablicaleksandar-dimitrijevicbeograddi003132427-1_f

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1