Во тепачката учествувале десетици млади Aвстралијани со македонско потекло и доселеници од Африка. Тепачката била закажана на фејсбук и како што наведуваат медиумите броела повеќе од сто учесници. Тепачката набргу се проширила низ улиците на населбата па полицијата интервенирала со повеќе возила.
Полицијата сеуште ги утврдува причините за овој немил настан, а македонската заедница во Перт и пошироко е шокирана. Кај Австралијаните, Mакедонците важат за мирен, чесен и работлив народ, јавува порталот Шило.