Ферид Галијашевиќ од Тешањ требало овој викенд да стапне на лудиот камен, но за жил, судбината си поиграла со парот па младото 28-годишно момче заминало во смрт.
Момчето загинало викендов кога со својот автомобил Голф тргнало по свадбената торта. Тој со својот автомобил влетал под камион и за жал, загинал на лице место. Несреќата се случила кога тој се обидел да помине со автомобилот пред комбе.
Од силината на ударот Голфот буквално бил смачкан.
Ферид во саботата требало во матично да склучи брак со саканата, а вчера требало да се одржи свадбената церемонија.