Големи несреќи во Македонија за Богородица – На поврдените од Берово им се јавува црвенило во форма на орев?!


Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, среде празнична трпеза однесе девет животи и повреди педесетина присутни на прославата.

manastir-sv-bogorodica1Питомата и кротка Малешевија на денот на Успението на пресвета Богородица сè уште мириса на мистерија. Ниту непобедливата фаланга, составена од благородни  бука, бел бор и цврст даб, не успеа за повеќе од една и пол деценија да го разреши необјаснивиот четврток, 29 август 1996 година, и громот од ведро небо, кој уби деветмина и повреди педесетина верници на традиционалниот народен собир во Берово.

– Тешко се заборава тој немил настан. Вистина е дека поради практиката за служење мрсна храна празникот го поместивме за еден ден. Можеби тука згрешивме, но тоа и порано сме го правеле и немало никакви проблеми. По громот што се појави од никаде, од ведро небо, без никакво предупредување удри во бакарните казани на ледината и го зави Берово во црно, не знаеме повеќе во што да веруваме.

Луѓето раскажуваа дека трагедијата се случила поради, во тоа време, зачестената практика чинот на празнување на Голема Богородица да се нарекува курбан. Поради тоа што тој збор бил израз на една друга, нехристијанска вера. Други, пак, објаснуваат дека бакарот ја привлекол молњата со некакво атмосферско празнење. Којзнае. Сè е можно – зачудено велат беровци.

„На дел од поврдените секоја година на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на орев“?!

– Дефинитивно, беше Божје дело. Малкумина знаат дека дента кога беше трагедијата група луѓе седеа под оревот што го погоди гром. На истите тие луѓе со години на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на оревчиња и гранки од орев – ни раскажа еден жител од околните беровски села, кој побара „нераскажаниот дел од приказната“ да го објавиме без неговото име.

Тоа што, за жал, ја одбележа далечната 1996 година во Малешевијата, веројатно никој и никогаш нема да може да го објасни. Ниту тоа што и порано празнувањето се поместувало во мрсен ден, без последици. Ниту дали зборот курбан бил клуч за Божјата лутина или, пак, празникот зел курбан. Ниту природниот феномен гром од ведро небо и дали бил предизвикан од материјалот од кој биле направени казаните за приготвување храна.

Четворица загинати во авионска несреќа на Голема Богодица во 2008 година

Авион од типот „цесна 172“, сопственост на аероклубот „Скопје-ер“, на 29 август 2008 година се урна кај местото Скребатно, во непосредна близина на Охрид. Во трагедијата во која, според очевидци, авионот удрил во земјата под прав агол, загинаа четворица. Тие натаму објаснуваат дека „цесната“ удрила во автомобил „застава 750“ во која имало 13-годишно девојче, кое било полесно повредено.
Очевидците тврдат и дека настанот не бил случајност, а била избегната поголема несреќа бидејќи авионот што фрлал летоци можел да удри во група од три илјади луѓе насобрани да го прослават празникот Голема Богородица на неколку метри од несреќата.

Тоа што е сигурно е дека животот немилосрдно продолжува. Останува да се сеќаваме и секој да верува во својата приказна не потценувајќи ја туѓата верзија за вистината – порачуваат потомците на Димитар Поп Георгиев Беровски, Дедо Иљо Малешевски, Марија Поп Георгиева и други големи Македонци.

Сеќавањето кај беровци и по толку години не бледнее. И многумина и денес, со чудна внимателност се подготвуваат за секој 28 август. Те што на големиот христијански празник ги загубија своите најмили, болката ги посетува секоја година на истиот ден. Успение на пресвета Богородица. 28 август. Ден што некогаш за нив претставувал голема радост. Денес е болна и мистериозна приказна што долго ќе се раскажува.

Во слава на покојните. На Божјата волја или на суровата природа. Кој како милува.

Република.мк 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1